(ВИДЕО) Јовевски: Улицата Речиште во Драчево наликува на вистинска река

Од:

Неспособноста и неодговорноста на власта излегува на виделина. По кратки врнежи на дожд се поплавија скоро сите улици во село Драчево, а улицата Речиште зад мене наликуваше на вистинска река. И додека Драчево тоне во вода Темелковски мува не го лази, рече Драги Јовевски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Жителите на село Драчево не паметат вакви поплави. Улицава има само фекална канализација и истата при нецелосно чистење не е во способност да ги апсорбира атмосферските врнежи. Водата која веќе се повлече направи штета во сите домови на жителите на село Драчево. Градоначалникот Темелковски пред изборите ветуваше изградба на атмосферска канализација, повеќе од 10 месеци како е на власт ништо од тоа што го вети ниту отпочна да го реализира, рече Јовевски.

Тој кажа дека Темелковски кој пред избор доаѓал и ветувал се и сешто, сега го нема да види со што се соочуваат жителите.

– Власта која одвојува 1 милион и 300 илјади евра за промоција на капитулантскиот договор наместо за штетниот договор да ги пренаменеше парите за изградба на атмосферската канализација која ја вети Темелковски немаше да дојде до поплави и штети. Граѓаните очекуваат одговорност. Темелковски не е способен да управува со општината. Темелковски заедно како и неговите партиски шефови мора да си замине, рече Јовевски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он