(ВИДЕО) Јовановски: Колку и да се трудат министрите и оваа влада нема да го покријат срамот

Од:

Она што се случува во Битола во изминативе две недели и во периодот пред првиот круг од локалните избори, нешто што е навистина понижувачко и навредувачко за сите биолчани. Она што оваа влада не успеа да го направи после 7 години и разноразни ветувања се обидува сега да го прави со преселба на пола Влада во Битола. Јас колку што знам нема ниту едно Министерство кое е дислоцирано од Скопје, префрлено во Битола, меѓутоа според присуството на министрите човек би можел да добие таков впечаток, рече потпретседателот на СДСМ Зоран Јовановски.

Колку и да се трудат министрите и оваа влада, додаде тој, неможат да го покријат срамот, дека во Скопје на километар квадратен, врзаа стотици милиони евра кои што можеа многу попаметно да се искористат и сигурно добар дел од жителите на Битола да живеат многу подобро, ако тие пари потрошени за Скопје 2014та се потрошеа за развој на општина Битола. Она што битолчани треба да го имаат предвид, е дека постојниот Градоначалник е дел од оваа власт и тој исто ја сноси одговорноста за главните проблеми во државата, огромната сиромаштија и заминувањето на огромен број од младите во странство и сите оние со кои што се соочуваат денеска жителите на општина Битола.

Би можело да ве интересира

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“