(ВИДЕО) Јосифовски: Нема полека веќе, ниту правда има, ниту мир ќе има

Од:

Десет години поднесувате кривични пријави за секаква глупост во оваа држава. Свесни ли сте што правите, кога чукна ѓаволот на вашата врата почнавте да се однесувате нормално. Нема полека веќе, ниту правда има, ниту мир ќе има, рече во петокот пратеникот од НСДП, Љубомир Јосифовски на Комисијата за прашања на изборите и именувањата, каде се дискутираше по точката за утврдување предлог-одлука за основање Kомисија зa оценување на основаноста на Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија.

Осврнувајќи се на, како што рече, заканите и заплашувањата кои се спроведуваа од страна на власта, Јосифовски порача дека тие нема да спречат граѓаните да ја продолжат борбата за слободна Македонија

– 24 часа изминативе два месеци се употребуваат застрашувања, казни, уцени, напади, на сите основи, кон сите граѓани кои се излезени на демократски протест пред ова Собрание и на улица да го покажат својот гнев од неправилната одлука на лицето Иванов, ги заплашувате и плашите. Но ниту се плашиме, ниту ќе не заплашите, борбата ќе оди до крај, слободна Македонија ќе има и ќе постои. Не е цело ВМРО-ДПМНЕ гнило, постојат демократски капацитети кои можат да се издигнат над врхушката која во моментот владее во Македонија. Вие внатре треба да си изнајдете сила да се исправите пред македонските граѓани и да дозволите оваа држава да се води по исправен пат. Дали сте свесни дека повеќе од 70 отсто од граѓаните третираат дека владеењето на ВМРО-ДПМНЕ е еднакво на режим и диктатура – порача Јосифовски.

Според него, Иванов со одлуката за делумно повлекување на помилувањата сам ја призна грешката што ја направил и поради тоа треба да си поднесе оставка од претседателската функција.

– Лицето Иванов со чекорот кој што го направи денеска и изема одредени лица кои беа аболицирани во изминатиов период ја потврдува својата грешка при носењето на одлуката за помилување. Со тоа докажува дека ниту е подготвен, ниту е спремен да ја претставува Република Македонија на било кое ниво. Со барањето кое го поднесувме за негова одогворност, како што денеска излезе и одзема од аболицијата 22, исто така утре да излезе и да си ја поднесе својата оставка – рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ