(ВИДЕО) Јорданов: Скандалозен тендер за набавка на стентови во штипската болница доделен на фирмата на Жути, „Био медика“

Од:

„Брзото богатење во редовите на СДСМ не е нова дисциплина. Додека граѓаните врзуваат крај со крај, бандата функционери на СДСМ безгрижно креира тендери со сомнителни позадини.

Клиничката болница во Штип неодамна распиша тендер за потрошен материјал за интервентна кардиологија. И додека оставаат впечаток дека се грижат за граѓаните, тендерот открива матна зделка, која стигнува до врвот на Клиничка болница Штип и Министерството за здравство.

Имено, минатата година преку овој тендер се набавиле 60 стентови, а оваа година со тендерот се побарани дури 420 или 7 пати поголема бројка. И се разбира, тендерот го добива веќе познатата фирма ‘Био медика’ ДООЕЛ Скопје. Оваа фирма и нејзината врска со Александар Јовановски – Жути е позната на јавноста по 35 милионскиот тендер за реагенси“, рече Иван Јорданов, Претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип.

„Дали веќе познатата врска меѓу министерот Филипче и компанијата ‘Био медика’ е пресуден момент за началникот на Кардиологија, Сашко Николов, и директорот на штипската Клиничка болница, да вмешат свои прсти во оваа сомнителна зделка на стентови?

Кој ќе профитира најмногу од огромната бројка на стентови набавени од страна на Клиничката болница?

Дали триаголникот Филипче-Жути-Клиничка болница Штип активно соработува и профитира на грбот на граѓаните во вонредна состојба?

Несомнено, ова е најкриминалната структура која владеела со државава и која бесрамно кратела од устата на народот, за лично и само лично богатење“, изјави Иван Јорданов, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Штип.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му