(ВИДЕО) Јорданов: Нема сектор што не е засегнат од последиците од епидемијата, граѓаните мора да бидат слушнати

Од:

„Нема сектор во Македонија за кој што не може да кажеме дека не е најдиректно изложен на штетните последици од епидемијата. Пред се здравствениот сектор, безбедносниот, економијата.

Епидемијата ги стави на тест сите. И државата и граѓаните. Државата е таа која што мора да одговори на предизвиците, за да ги заштити граѓаните, за да ја исполни својата цел на постоење. Граѓаните пак мора да бидат главната потпора на државата, за таа успешно да се справи со предизвиците. Борбата со епидемијата е момент кој што мора да ја зајакне таа врска“, вели Иван Јорданов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во овие моменти модра да се надмине суетата, мора да се надминат разликите. Во овие моменти мора да се покаже сплотеност. Граѓаните сега мора да бидат слушнати. Тие бараат и очекуваат силни институции и систем. Сега мора да се помогне на безидејната власт.

ВМРО-ДПМНЕ е партија која почива на народот и која што го слуша народот. Затоа, отворивме директна линија „Вашите проблеми, заеднички до решенија: Затоа што ја сакам Македонија” за вас. Вашите писма веќе се разгледуваат од комисиите и од нив се создаваат предлозите кои ќе и ги предочиме на власта.

Дајте ни ги вашите предлози, решенија, размислете како полесно заедно да го пребродиме ова време и од него да излеземе посилни. Затоа што ја сакаме Македонија“, изјави Иван Јорданов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски