(ВИДЕО) Јаревски: СДС и ДУИ Карпош од најзелена општина во Скопје сакаат да го претворат во бетонска џунгла за 600 милионски бизнис кај Алумина

Од:

СДС и ДУИ со намера Карпош од најзелена општина во Скопје сакаат да го претворат во бетонска џунгла за 600 милионски бизнис кај Алумина. ДУП-от кој СДС и ДУИ го туркаат преку Стевчо Јакимовски не води сметка за граѓаните, туку за нивниот личен и интересот на Пуцко Петрол. За СДС и ДУИ нема доволно висока цена која граѓаните ќе ја платат, а која би ги спречила во обидот за бетонизација, единствена цена која ги интересира е цената на метар квадратен, изјави пратеникот Тони Јаревски.

– Колку повисоко и полуксузно, толку подобро за СДС и ДУИ, за нив нема никакво значење што Карпош се блокира инфраструктурно и се отежнува сообраќајот во Скопје, важен е само профитот. За 600 милиони евра бизнис, Стевчо Јакимовски им е впрегнат па држи пресконференции и во недела на кои нема ниту еден аргумент за ДУП-от, туку само кажа колку е неуспешен.

Дека ДУП-от кај Алумина е единствено за бенефит на СДС, ДУИ и Пуцко Петрол како инвеститор знае и Стевчо Јакимовски, но очигледно мотивацијата да го протурка му е многу голема, па решил да се вплеткува во небулози. Политичкиот пазар на СДС и ДУИ сите го знаат, прашање е која е добивката за Стевчо Јакимовски за истиот наместо градоначалник да глуми портпарол на инвеститорот – рече Јаревски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јаревски: Пендаровски кога глумеше скромен рече дека ќе ангажира тројца вработени, за потоа да бара средства за четворица

Јаревски: Стево Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара да му се дозволи да користи

(ВИДЕО) Јаревски: Се уште очекуваме одговорност за Пајазити, институциите треба да постапат и тој да биде разрешен

(ВИДЕО) Јаревски: Пајазити не смее да биде судија, тој ја извалка судската позиција и мора да биде разрешен

(ВИДЕО) Јаревски: Пајазит Пајазит не смее да продолжи да биде судија

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ повторно го актуелизира случајот „хациендата на Петровска“: Си пукате во нога одговори екс министерката