(ВИДЕО) Јаревски: Дали Јакимовски барал од Димитар Ковачевски да му ги одземе ингеренциите, за сo одлука на влада да се бетонизира кај Алумина за бизнис од 600 милиони?

Од:

Дали Стевчо Јакимовски барал од Димитар Ковачевски да му ги одземе ингеренциите, за со одлука на влада да се бетонизира кај Алумина? Дали Стевчо Јакимовски побарал од Ковачевски да се прескокне Советот на општина Карпош и волјата на карпошани, само за да им успее бизнисот од 600 милиони евра, изјави на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски.

– Димитар Ковачевски да каже дали на средбата со Стевчо Јакимовски дал ветување дека ќе му ги одземе ингеренциите и ќе продолжи со планот за изградба на висококатниците кај Алумина? Ковачевски да каже и дали Јакимовски пред него претставил план и податоци за сите градежни инвестиции во Карпош кои откако ќе ги преземе владата ингеренциите ќе може да се реализираат? Дали зад планот на Јакимовски предложен до Ковачевски се крие уште поголема бетонизација и како тој одговорил на тоа? Ковачевски да не се крие. Сопственик на земјиштето е Пуцко Петрол, фирма во сопственост на син на пратеникот од неговата коалиција. Ковачевски да каже дали е спремен да го жртвува Карпош за бизнис зделката на Пуцко Петрол – истана Јаревски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јаревски: Пендаровски кога глумеше скромен рече дека ќе ангажира тројца вработени, за потоа да бара средства за четворица

Јаревски: Стево Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара да му се дозволи да користи

(ВИДЕО) Јаревски: Се уште очекуваме одговорност за Пајазити, институциите треба да постапат и тој да биде разрешен

(ВИДЕО) Јаревски: Пајазити не смее да биде судија, тој ја извалка судската позиција и мора да биде разрешен

(ВИДЕО) Јаревски: Пајазит Пајазит не смее да продолжи да биде судија

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ повторно го актуелизира случајот „хациендата на Петровска“: Си пукате во нога одговори екс министерката