(ВИДЕО) Јанушев: Одговорно да се однесуваме кон своето здравје, во моменти кога вирусот се шири низ државава

Од:

„Во моментите кога пандемијата со Корона вирусот се шири низ нашата држава мора одговорно и совесно да се однесуваме спрема своето здравје, а така ќе се однесуваме одговорно и спрема здравјето на своите блиски, но и кон самото општество.

Препораките се дека најдобриот начин за справување со вирусот е одбегнување на чести контакти со други луѓе, односно самоизолација.

На овој начин, освен што го штитиме своето и здравјето на нашите најблиски, го спречуваме и шокот врз здравствениот систем од преголем број на пациенти на кои им е потребна нега и третман одеднаш.

Од секој од нас зависи. Придржувајте се до препораките на епидемиолозите, ако морате да излезете – маска на лице, ракавици на раце и најважно, одговорно и мудро, затоа што секој живот вреди!“, рече Игор Јанушев, Генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

„Како доктор во овие моменти можам да посочам дека потребна е дисциплина во однесувањето и придржување до препораките на здравствените организации и здравствените лица.

Јас и моите колеги на дневна основа даваме максимумот во превенција и заштита на здравјето на граѓаните. Тоа го прават и другите луѓе од службите кои се на терен и ги обезбедуваат спроведувањето на пропишаните мерки и протоколи.

Хигиената е многу важна, исто како и внимателноста во начинот на комуникација со другите луѓе и со блиските. Помогнете ни, за да можеме да помагаме на сите, заради тоа што секој живот вреди!

Останете дома, останете безбедни, ќе го пребродиме ова како нација, солидарни и сплотен!“, изјави Игор Николов, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му