(ВИДЕО) Јанковиќ: Орце застана зад криминалните дивоградби во Чаир, глас за Орце е глас за Скопје да стане дивоградба

Од:

Додека Скопје се гуши во урбанистички хаос, Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, отворено застана зад криминалните дивоградби во Чаир. Наместо да побара одговорност и да понуди решение, го гледаме Орце како гордо позира со своите коалициски партнери од ВЛЕН, со истите кои го создадоа урбанистичко дивеење во Чаир, вели Јовица Јанковиќ од СДСМ.

– Ова е јасна политичка порака на коалициските браќа од ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН дека власта нема да преземе ништо туку ќе ги штити дивоградбите во Чаир за никој да не одговара. Над 150 незаконски дивоградби, криминал тежок над 220 милиони евра, узурпиран простор, загрозена безбедност и тотален хаос а власта не мрда со прст. Скопските маала се претворија во бетонски џунгли. Нема место за паркирање. Децата немаат каде да играат. Граѓаните се измамени, купуваат сомнителни станови без соодветни документи, без правна сигурност.

Иста е сликата и за Кисела Вода под водство на Орце Ѓорѓиевски. Сомнителни тендерски мрежи, зеленило што исчезнува, урбанистички планови кои ги туркаат интересите на бизнис елитите. Орце не е кандидат за доброто на граѓаните на Скопје, туку извршител на бизнис интерсите на ВМРО-ДПМНЕ. Орце е кандидат на структурата која го создаде урбанистичкиот хаос, и во Чаир, и во Кисела Вода и во Скопје. Затоа Орце е дел од проблемот а не дел од решението. Со Орце ништо не се менува. Глас за Орце е глас за да продолжи урбаното дивеење.

Скопје не може да издржи уште еден градоначалник кој ќе мисли само на профитот на бизнис елитата на власт, на штета на граѓаните. Овој модел, кој го креираше ВМРО-ДПМНЕ мора да биде поразен на локалните избори. Скопје е град во кој граѓаните треба да живеат а не партиска територија за богатење на поединци во власта. Скопјани тоа не го заслужуваат. Време е за промени во Скопје, за почитување на законите и конечно да се стави крај на урбаната мафија и чиста животна средина, рече тој.

Би можело да ве интересира

Николовски: Во ризик се 128 милиони евра – поради корупцискиот скандал на власта, ЕУ најавува стопирање на ИПАРД

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

СДСМ: Дали и министерот Трипуновски е замешан во корупциската шема на Стоилев?

А1он

СДСМ: Скопје се гушеше во ѓубре со месеци само за Орце да прави ПР трикови

А1он

Филипче оцени дека Македонија добила најлош извештај во последните 10 години, за промени во СДСМ му требало повеќе време

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е прва партија по криминал и неисполнети ветувања, затоа изгубија 140.000 гласови

А1он