(ВИДЕО) Јанковиќ: Младите во Македонија спасот го гледаат во странство – бројот на вработени намален за 17.000

Од:

Последните податоци се алармантни. Откако ВМРО-ДПМНЕ ја презеде власта во 2024 година, бројот на вработени лица во државата е намален за над 17.000 луѓе, изјави Јовица Јанковиќ од СДСМ.

– Ова не е само статистика. Ова е вистината зад илјадници човечки судбини – намален број работни места, заминати млади, уништени надежи, растечка сиромаштија. Ова е доказ за економскиот колапс, за хаосот на пазарот на труд, за целосната отуѓеност на власта од реалноста во која живее народот. Младите во Македонија денес ја плаќаат највисоката цена за неспособноста и ароганцијата на Владата на Христијан Мицкоски.

Пазарот на труд се стеснува, продуктивното население а пред се младите заминуваат, а пензискиот систем е ставен под ризик. Наместо да креира услови за нови и добро платени работни места, за задржување на младите, Владата со својата ароганција одбива секаков предлог за зголемување на минималната плата и стимулирање на раст на платите. Младите заминуваат, граѓаните едвај врзуваат крај со крај – а приоритетите на оваа власт се манго, папаја, луксузни патувања и тендери за блиски фирми.

Секое трето дете во државата живее во сиромаштија. Половина милион граѓани живеат со плата под просечната. Што направи Христијан Мицкоски за да им обезбеди подобри услови на овие луѓе? Што направи за младите да останат тука и да создаваат семејства, иднина, живот со достоинство? Ништо. Оперативниот план на Владата е само фасада и не е решение – со ограничен домет и краткорочен ефект за многу мал дел од невработените.

Проблемот е длабок и системски. Младите не гледаат перспектива со ВМРО-ДПМНЕ. Со години ги бројат парите од месец за месец и сè почесто го гледаат спасот надвор од Македонија. Проблемот не се решава со партиски вработувања во администрација туку се продлабочува. СДСМ јавно предупредува: ако не се смени курсот, ако не се застане веднаш со овие штетни политики – Македонија ја чека уште подлабока економска и социјална криза. Не станува збор само за бројки – станува збор за животи, за иднината на младите, за иднината на нашата земја, вели Јанковиќ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО