(ВИДЕО) Јанчева: Во градскиот буџет нема пари за автобуси, институциите да истражат за диловите на Мицкоски

Од:

„Со денови Данела Арсовска молчи во кое својство и во чие име Христијан Мицкоски преговара за набавка на нови автобуси за градот Скопје. Молчи и претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славевски“, вели Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

„Тврдењето на Мицкоски дека тој преговарал и веќе се подготвувала тендерска документација за набавката на нови автобуси отвора сериозни сомнежи за корупција.

Сомнежите за коруција се основани, особено што во буџетот на Град Скопје нема ставка за набавка на 100 електрични автобуси, во Годишниот план за јавни набавки на Град Скопје исто така не е предвидена набавка на 100 електрични автобуси

Дали зад оваа набавка се кријат приватни интереси со странските фирми со кои на сомнителен начин е одлучено да се преговара?

Овој случај во многу наликува со набавката на кинеските автобуси пред 10ина година кога буџетот на државата бил оштетен за околу пет милиони евра.

По сето ова, на потег се надлежните институции кои мора да постапат.

Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата мора да постапат по овие наоди и да спречат нова криминална зделка на штета на граѓаните во град Скопје“, изјави Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он