(ВИДЕО) Јанчева: Арсовска ги остави скопјани сами да се справуваат со кризата, додека таа вдомува кадри на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје

Од:

„Данела Арсовска и градоначалниците на општините во Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ покажуваат целосна негрижа за своите граѓани. Арсовска тврди дека Град Скопје немал пари да се вклучи во субвенционирањето на цената на топловодна енергија“, рече Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

„За оваа мерка Владата ќе покрие 80 отсто од разликата меѓу реалната и актуелната цена на парното греење, а останатите 20 отсто треба да ги покрие Град Скопје заедно со општините.

Арсовска годинава ќе потроши 670.000 евра на 109 вработувања на партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, но не планира да даде пари за граѓаните на Скопје да не плаќаат поскапо парно.

Ова е уште еден од фактите кои покажуваат дека градоначалничката Арсовска не работи за интересите на граѓаните, туку се грижи единствено за личните и партиски интереси.

Арсовска го прекина проектот за Бас рапид транзит, поништи оглас за вработување на пожарникари, Управните и Надзорните одбори на установите и претпријатијата ги полни со партиски кадри, вдомува 109 активисти и членови на ВМРО-ДПМНЕ, а граѓаните ги остава сами да се снаоѓаат во време на криза со топловодна енергија.

Арсовска работи спротивно на интересите на граѓаните и свесно дејствува против развојот на Град Скопје.

Град Скопје има свој Буџет и наместо да бара оправдувања за нејзината неспособност, таа конечно треба да почне да работи за она што е избрана – да решава проблеми.

Во спротивно, нека отстапи од функцијата која досега ја извршува неодговорно и несериозно“, изјави Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он