(ВИДЕО) Јанчева: Арсовска да каже, кои се донаторите и кој во име на Градот организирал новогодишна прослава на плоштадот?

Од:

„Со денови градоначалничката Данела Арсовска молчи и не дава одговори на јавно поставени прашања. Кој му платил на Петар Георгиевски Камиказа за озвучувањето на дочекот на Нова година на плоштадот“, рече Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

„По која основа, по кој договор на фирмата на Георгиевски и биле исплатени 14.000 евра? Кои се компаниите донатори за прославата кои понатаму исплаќале фирми и лица ангажирани за прославата?

Како е можно друго правно лице да организира дочек на Нова година на градскиот плоштад во име на град Скопје и врз која основа? Ако за ова не е потрошен ниту денар од градскиот Буџет како што велат од Град Скопје, тогаш дали станува збор за донација?

Секоја донација треба да мина преку Советот на Град Скопје а секое спонзорство треба да биде поткрепено со Договор. Во овој случај го нема ниту едното ниту другото, има само молк од страна на Данела Арсовска.

Арсовска со денови ја избегнува јавноста, се крие зад празни соопштенија и не дава одговор на прашања поставени од јавноста, од медиумите.

Ова е пример за нечесно, неодговорно и срамно однесување на Арсовска кон сопствените сограѓани, кон сопствениот град. Наместо да се крие од јавноста како нејзините ментори во ВМРО-ДПМНЕ, Арсовска да излезе пред граѓаните и да одговори на овие прашања“, изјави Љубица Јанчева, координаторка на советничката група на СДСМ во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он