(ВИДЕО) Јанчев кон Милошовски: Искористете го правото да го откочите Законот за бранителите или ќе поднесеме интерпелација

Од:

На денешната седница на Собранието, пратеникот од #Левица, м-р Сашко Јанчев, со процедурално обраќање побара потпретседателот на Собранието да го искористи правото кое му го дава Деловникот и да го откочи Законот за бранителите.

Тој посочи дека Африм Гаши од ВРЕДИ одбива да го стори тоа, но дека прашањето е зошто тоа не го прави Антонијо Милошовски од ДПМНЕ, кој има целосно право да свика седница и да назначи претседавач од редовите на сопствената партија.

Јанчев истакна дека процедурата е едноставна, а одблокирањето целосно зависи од ВМРО-ДПМНЕ, но дека тие не постапуваат затоа што им е побитна коалицијата со ВРЕДИ. Потсети дека во 2023 година ДПМНЕ поднела речиси идентично законско решение, при што и самиот потпретседател бил трет потписник. „Што се смени од тогаш до сега? Што е разликата помеѓу ВМРО во 2023 и ВМРО во 2025? Која е разликата помеѓу Антонијо Милошовски тогаш и сега?!”– праша Јанчев.

Во продолжение нагласи дека кога биле опозиција, бранителите им служеле за политички поени, а сега, како власт, ги игнорираат. Јавно порача дека доколку не се закаже седницата на Комисијата, пратеничката група на Левица ќе поднесе ИНТЕРПЕЛАЦИЈА за блокирањето на Законот за бранителите, како и за т.н. „тајванска авантура“ за која јавно реагираше и амбасадата на Народна Република Кина во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Левица: Владата ветуваше олеснување, Македонија остана на американската визна листа

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се препозна како „талогот“ и работи во координација со странски центри

Левица: Во изминатите три децении и СДСМ и ДПМНЕ постепено ја испразнија и обезличија асномската идеја

А1он

Левица: Бид Бук не е дозвола за набавка без тендери туку проектна апликација – Мицкоски ја манипулира јавноста за „Скопје 2028“

(ВИДЕО) Станкоска: Хаосот со исплатата на породилните надоместоци продолжува

Горан Наумовски

Левица обвинува: Наместо одговорност, Клековски добил унапредување по ревизорските забелешки

Горан Наумовски