(ВИДЕО) Јанчев: Ако може за пратениците плата до 5-ти, тогаш може и за работниците

Од:

На вчерашната седница на Собранието, покрај Предлог-законот на Левица за зголемување на породилното отсуство од 9 на 18 месеци, којшто беше одбиен, на Дневен ред се најде и уште еден предлог на Левица – за исплата на платите до петти наместо до петнаести наредниот месец, изјави пратеникот на Левица, Сашко Јанчев.

„Ако може за нас, пратениците, платата да се исплаќа до петти во месецот – тогаш треба и за сите останати кои нѐ избрале да им се исплаќа до петти“ – акцентираше Јанчев од Левица во своето излагање.

„На банките не им е грижа дали луѓето кои отплаќаат рати за кредити земаат плата на 15-ти во месецот или подоцна – парите за рата мораат да легнат на банкарските сметки без разлика дали некој зел плата или не. Имајќи предвид дека во Македонија е тешко да се заштеди дел од претходната плата – граѓаните се ставаат во неповолна ситуација и неретко мораат да се задолжуваат“ – образложи пратеникот.

„Исто така, сопствениците на становите, при наплата на кирии, не ги интересира дали платата се исплаќа на 15 или 20 во месецот. Дополнително, и роковите на некои месечни сметки за тековни трошоци не се поклопуваат со земањето на платата доцна во месецот, па така, неретко на сметките се појавува и заостанат долг и се засметува камата на истиот“ – истакна Јанчев.

Ниту овој предлог на пратеничката група на Левица владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ не го гласаше и истиот не помина.

Би можело да ве интересира

Левица: Државна лотарија како мегафон на власта – јавните пари се користат за дворски трубадури

Горан Наумовски

Левица: ДПМНЕ со увоз на евтина работна сила ја блокира борбата за повисока минимална плата

Предраг Петровиќ

Левица: Имотот на газда Деко повреден од згаснатите млади животи во Кочани – виновните тужат, државата бега од одговорност

Левица: Центарот за социјални работи во Тетово дувло на криминал и корупција

А1он

Левица: Нова милијарада евра кредит за отплаќање на долг наместо за развој

Левица: Запирање на имигрантските визи од САД – стратешки шамар за домашните вазали