(ВИДЕО) Јакимовски: Чиста лага е дека ќе се градат пет згради во парк

Од:

Градоначалникот на општина Карпош утрово во обраќање во живо до граѓаните ги презентираше новините и измените во новиот ДУП за ЈО3 блок 2 со што ги разобличи сите лаги кои претходните денови беа презентирани во јавноста од страна на одредени политички партии.

Градоначалникот најостро ги демантираше лагите дека со новиот ДУП на таа локација е предвидено да се градат пет нови згради.

– Чиста лага е дека ќе се градат пет згради на тоа место. Такво нешто не постои во планот. Не можам да се начудам до каде одат лагите и манипулациите на некои граѓани, рече градоначалникот. Чиста лага е и дека нас ни текнало да нацртаме „аутострада“ со која ќе ги уништиме парковите, зеленилото, детски игралишта. Замислете, тие ме обвинуваат дека сакам да ги срушам фонтаната, игралиштето, клупите, зеленилото кои јас сум ги направил. Немојте да ги слушате тие што сакаат да ве лажат, порача Јакимовски.

Градоначалникот исто така презентираше три претходни ГУП-ови во кои јасно се гледа дека во сите нив е планиран булеварот Теодосиј Гологанов и при тоа ги образложи позитивните измени во новиот ДУП.

-Булеварот Теодосиј Гологанов го проектирал Кензо Танге, и сите градоначалници наваму го следеле неговиот план. Во претходниот ГУП овој булевар беше предвиден со профил од 78 метри. По наше инсистирање кај тогашниот градоначалник Коце Трајановски во новиот ГУП од 2012 година профилот на булеварот беше намален на 60 метри. Со овој ДУП како позитивна промена исто така предвидени се три влеза и излеза во булеварот, за разлика од досега каде има само еден, потенцираше Јакимовски.

Би можело да ве интересира

Левица: Јаневска и Јакимовски водат партиски пресметки преку грбот на ученците

Јакимовски: Владата се однесува крајно некоректно кон македонските општини

Јакимовски ја обвини владата дека со помош на разни финти им обезбедува пари на албанските општини за да финансираат таканаречена „албанска академија на науки“

Јакимовски до Јанева: Ако е моја обврска да го плаќаме греењето, зошто тогаш министерството дава пари?

Јакимовски: Покажавме дека можеме да направиме мирни и достоинствени избори

Јакомовски: Мора да се ослободат 83 илјади семејства од енормно високите сметки