(ВИДЕО) Јајоска: Сопствената вина за немањето ужина и топол оброк Муцунски ја префрла кај директорите кој тој ги поставил

Од:

„Муцунски покрај тоа што ги остави без ужина и топол оброк учениците во основите училишта во Општина Аеродром, сега вината за тоа ја префрла на директорите на училиштата“, рече Рената Јајоска, советничка во Советот на Град Скопје.

„Муцунски ги пушти низ вода директорите кои сам ги поставил, од кои тројца се в.д. директори што се директно назначени од негова страна и само со негов потпис.

Доколу Муцунски смета дека директорите на училиштата се виновни за немањето ужина и топол оброк во училиштата, тогаш зошто не побара нивна смена? Зошто Муцунски ја префрла својата одговорност за лошото менаџирање со општината врз директорите на училиштата?

Неспособноста на Муцунски нема крај, хаосот и неорганизираноста на општината стануваат секојдневие.

Зошто и покрај планираните набавки, досега тие не се спроведени? Зарем Муцунски не ги праша директорите дали се подготвени училиштата за почеток на новата учебна година. Оттука го прашуваме Муцунски чија е одговорноста?

За потсетување, во времето во кое со општината манеџираше СДСМ и Златко Марин училиштата имаа обезбедено ужина и топол оброк навремено. И покрај тоа, во време на пандемија локалната власт предводена од СДСМ обезбеди од општинскиот буџет субвенционирање на топлиот оброк за сите ученици во износ од 500 денари/месечно.

Муцунски преку Демант повотрно се служи со лаги, бидејќи и денеска во училиштата состојбата е непроменета.

Денес, се соочуваме со врвот на неодговорност од страна на Тимчо Муцунски. Учениците ја почнаа учебната година без ужина и топол оброк, родителите секојдневно бараат одговори, но очигледно одговорот е само лаги и манипулации.

Го повикуваме Муцунски веднаш да излезе пред јавноста и да даде одговори кои им ги должи на родителите во однос на набавката за ужина и топол оброк во училиштата“, изјави Рената Јајоска, советничка во Советот на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

„На дрзок и безобразен СДСМ продолжува да ја лаже и манипулира јавноста“, се вели во реакција на Општина Аеродром

Заслугата за новото училиште и новата градинка е на Градоначалникот Муцунски и пратениците од ВМРО ДПМНЕ реагираат од Општина Аеродром

Левица: Муцунски ги извиси спортските клубови во Општина Аеродром

Општина Аеродром: Коалицијата СДСМ и Арсовска продолжува да шири лаги и дезинформации

Муцунски: Преку континуирани инвестиции во нова опрема обезбедуваме подобри услови за учениците во Аеродром

Муцунски: Со силна заложба и континуирани инфраструктурни инвестиции до поубава и помодерна општина Аеродром