ВИДЕО: Истече рокот за украсување, ги нема бесплатните светилки и елка за Скопје и скопскиот плоштад

Од:

Нема светилки, ниту елка на плоштадот. Централното градско подрачје на Скопје не навестува дека доаѓа Нова година. Градоначалничката Данела Арсовска најави дека ќе биде украсено, а од Град Скопје за „А1он“ кажаа дека тоа ќе биде завршено до 15 декември. Ден по рокот, на плоштадот ги има само единаесетте куќарки каде треба да се одржи „Винтерленд“. Таму, не е поставен ниту еден друг украс.

„А1он“ праша и кои улици, но и места ќе бидат бесплатно украсени за новогодишните празници, како што најави Арсовска, но и по три дена од нејзиниот ПР тим не добивме одговор. Оттаму, не кажаа ниту од кога до кога ќе се одржи „Винтерленд“, која ќе биде програмата и што е планирано во пред празничните денови.

„Град Скопје веќе објави јавен повик за организирање на Винтерленд кој заврши на 8 декември и во тек е избор на претпријатие кое ќе го организира“, велат од Град Скопје.

Има најава и за организирање на скромен дочек на Новата година на скопскиот плоштад. Но, нема информација кој ќе настапи, бидејќи во тек е договарањето на артистите.

„Ќе има скромен дочек на Новата година на скопскиот плоштад со домашни изведувачи и огномет. Прославата ќе биде организирана и регулирана со почитување на сите протоколи и мерки за заштита од Ковид-19“, додаваат од Град Скопје.

Засега, не се открива ниту дали артистите кои треба да настапат ќе се платат од буџетот на Град Скопје или тоа ќе го направат бесплатно. Досега, Арсовска кажа дека се изборила Скопје да добие бесплатно украсување од фирмата „Линк медиа“.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Аеродром добива нов кружен тек, нов мост и уште многу други инфраструктурни проекти

ЈСП има нафта уште за денеска

Пуцко Петрол не доставува нафта за ЈСП: Уценетиот Асмир Јахоски учествува во креирањето хаос, обвинува Град Скопје

Катерина Ѓуровски

Листа на кандидати за советници на ВМРО-ДПМНЕ за Советот на Град Скопје

Горан Наумовски

Пенов и Пановски- кандидати за градоначалник на Скопје и носител на листа од ЛДП

Предраг Петровиќ

Ѓeорѓиевски: Јас не се занимавам со црни кампањи, прво што ќе направам е „генералка“ на Скопје

А1он