(ВИДЕО) Исчезнаа античките статуи од пред Владата

Од:

Античките статуи кои 7 години стоеја пред зградата на Владата, денеска ги нема.

Се работи за оригинални статуи од античкиот период меѓу кои на Тит Флавиј Орест од археолошкиот локалитет Хераклеја во Битола и „Малата Херкуланка“ од Стоби.

И преостанатите безглави скулптури беа донесени од различни делови на земјава: „Големата Херкуланка“ и „Цар во оклоп“ се од локалитетот Стибера крај Прилеп, „Цар Хабријан во оклоп“ од Стоби, статуата од типот „палиатус“ од Хераклеја, а другите две од типот „тогатус“ од Дојран.

Од платото пред зградата на Владата, статуите најверојатно биле дислоцирано во текот на вчерашниот ден, но надлежните од Службата за општи и заеднички работи во Владата се на состанок, па засега нема информации што всушност се случило со статуите.

Според најавите од претходно,  тие требаше да бидат изложени во новиот Археолошки музеј, кој е изграден на кејот на Вардар, како дел од Скопје 2014. Овие статуи, на платото пред влезот во Владата беа поставени во 2007 година, како идеја на Паско Кузман, тогаш директор на Управата за заштита на културното наследство.

Тој тогаш тврдеше дека климатските услови нема да им наштетат на овие оригинални археолошки артефакти кои потекнуваат од 2. век п.н.е. Во 2011 година кога прв пат беше најавено дислоцирањето на статуите во новиот Археолошкиот музеј, дел од битолските експерти и опозицискатата СДСМ, реагираа дека спомениците треба да се вратат онаму каде што припаѓаат.

„Во еден претходен систем огромен дел од тоа историско богатство заврши во музеите во Белград. Дали се повторува историјата. Битола тоа не го заслужува. Фигурата на Атена Партенос да го краси музејот на Белград, а скулптурата на граѓанинот Тит музејот во Скопје“, изјавија тогаш од СДСМ“.

Александра Бубевска

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски