(ВИДЕО) Интервју со таткото на Боки 13: Каде заврши торбата „Луј Витон“, загрозен ли е животот на неговиот син

Од:

Миле Јовановски се гордее со неговиот син Бојан познат како Боки 13. Во интервју за „А1он“ тој обвинува дека се спремала ликвидација на неговиот син. Тој кажува и имиња за тоа кој смета дека стои зад тоа, но и дали има докази. Таткото на Боки 13 зборува за т.н. Пандорина кутија и доказите кои се во неа, а тврди дека докажуваат криминал. Зборува и за контактите на Боки 13 со политичарите, затворањето на 1ТВ. Јовановски објаснува дали Боки 13 и давал поклони на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева за да ја поткупи.

„Јас сега викам, не сум знаел со кого седам, со кого разговарам. Се гордеам и ќе се гордеам“, рече Миле Јовановски за влијателноста на Боки 13.

Тој кажа и имиња на лица кои влијаеле на судот при носење на пресуди за предмети кои се воделе за неговото семејство. Одговара и на прашањето што имало во торбата „Луј Витон“. Јовановски зборува и за кафеанските муабети со Катица Јанева и Вилма Русковска, но и дали државни пари влегувале во згаснатата „1ТВ“.

„Зошто јас би ви се заканувал вам со убиство, ако вие не знаете ништо и ако вие си ќутите“, прашува Јовановски, зборувајќи за безбедноста на неговиот син Бојан.

За овие и многу други прашања, проследете ја премиерата од интервјуто со Миле Јовановски.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Кристијан Ландов

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов

Сестрата на Камчев за позајмените пари: Планира да ми ги врати, досега не ме изиграл

Кристијан Ландов