(ВИДЕО) Манчевски: Нема да бркаме, ќе направиме реорганизација на администрацијата

Од:

Нема да има бркање од работа во државната администрација, но ќе се прави реорганизација за поголема ефикасност на државната служба, изјави министерот за администрација и информатичко општество, Дамјан Манчевски во интервјуто за Макфакс.

Една од мерките која ќе биде воведена е флексибилно работно време за административците со цел поквалитена услуга за граѓаните најави Манчевски.

Тој рече дека се прават анализи да се дојде до точната бројка на вработени во јавниот сектор.

„Бројката на вработени е околу 120.000 илјади.Работиме на обработка на податоци и во скоро време ќе ја имаме точна бројка. Свесни сме дека ова бројка е висока, но ќе се обидеме да направиме, реорганизација и релокација на ресурсите со цел сите овие вработени луѓе да бидат ефикасни. Првично за што се залагаме, а како што најавивме е луѓето да се ослободат од партиските стеги. Нема да има повеќе притисоци врз административците, нивна задача е да работат совесно, транспарентно и во рамките на законот. Мора веќе да се смени тој однос, кон државните службеници, рече министерот Дамјан Манчевски.

Воедно како што најави тој согласно направените анализи ќе врши и распределба на 1600 административци кои не се ангажирани и седат дома. Манчевски рече дека и во државната служба и покрај големата бројка на вработени има недостиг од стручни кадри, пред се од областа на ИТ секторот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?