(ВИДЕО) Илиевски: Новогодишната кошничка повторно промашена, цените веќе се покачени, ефектот ќе биде нула

Од:

Најавената мерка на Владата за воведување на т.н. „новогодишна кошничка“ е задоцнета и промашена a ефектот од нејзината примена нема да го почувствуваат граѓаните. Прво затоа што дел од цените на производите коишто денеска се објавија во изминатите дена трговците веќе ги поскапеа. Таков е конкретно случајот со голем број млечни производи кои поскапеа во изминатите денови за 10-тина денари по килограм, изјави Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ.

-Сега и доколку се намали цената ефектот кај граѓаните е нула, затоа што реално не добиваат поефтин производ и нема да им се намалат месечните трошоци. Второ, затоа што мерка е времена. На граѓаните им е потребна помош и поддршка постојано а не само во одреден период. Трето. Нема механизам дека намалените цени ќе бидат реално спроведени ниту пак механизам за казнување доколку трговците не ги почитуваат. Владата сама вели дека ќе мониторира и ништо друго. Со популизам за некакви договорени цени не може вистински да им се помогне на граѓаните. Ниту среќни граѓани ниту полна трпеза може да има со ваши погрешни политики. Повеќе ваквите мерки им одат во корист на трговците отколку на граѓаните. Очигледно власта не мисли како да им помогне на граѓаните. Вкупната вредност на синдикалната кошничка во месец ноември се зголеми и достигна огромни 62.021 денари. Има ново зголемување за 772 денари во однос на минатиот месец. Семејствата сè потешко ги покриваат основните трошоци и се принудени да се откажуваат од потреби кои до вчера беа основни. Ова е резултат на неспособноста и незаинтересираноста на Владата на Мицкоски, која ги игнорира проблемите со кои граѓаните се соочуваат секојдневно. Вистинска мерка којашто ќе донесе реално и долгорочно намалување на цените на производите е решението на СДСМ за укинување на ДДВ на храната. Затоа што вистински ќе се намалат цените на 250 производи.
Затоа што им одговара и на граѓаните и на трговците кои ќе ја почиутваат и затоа што тоа намалување ќе биде на долг рок, рече Илиевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанковиќ: Младите во Македонија спасот го гледаат во странство – бројот на вработени намален за 17.000

СДСМ: Скапо ја плаќаме неспособноста на Мицкоски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Матни зделки во енергетиката, зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи дали Алказар има одобрение за градба?

Шукова: Верувам дека културата не е трошок, туку инвестиција во иднината на еден град

Требаше да биде кандидат на СДСМ, а му се приклучи на тимот на Ѓорѓиевски во трката на Скопје

СДСМ бара Сиљановска да не го потпишува Указот за Законите за полиција и МВР