ВИДЕО Илиевски: Лицемерно е ДПМНЕ да зборува за бизнисот во Битола

Од:

И покрај тоа што вчера лично им ја врачивме нашата изборна програма, очигледно дека мудреците од ДПМНЕ или не сакаат да читаат или незнаат да читаат. Испратија еден од своите млади јастреби да зборува за Бизнис Стартап Центар Битола и го пикнаа во каша, реагираше Методија Илиевски, кандидат за советник од здружената коалиција.

Власта вели, цитирам – „Жално е што Менде Диневски не е информиран дека во Битола со години постои Бизнис Стартап Центарот“ – завршен цитат, а единственото нешто кое требаше да го направи е да ја отвори нашата изборна програма на страна 24 и да го прочита следното: …. Единственото што погодија е дека Фондацијата БСЦ е поддржана прво од SPARK Холандија, а сега од УСАИД, а не од Талески, кој таму се појавува единствено кога му треба медиумска промоција – истакна Илиевски.

Тој порача дека е чиста иронија и лицемерие кога ДПМНЕ зборува за претприемачите, за оние луѓе домаќини кои единствено што видоа од оваа влас, како што наведе, се казните и притисоците.

Ние ќе формираме општински Центар за развој на мали бизниси и бизнис едукација каде претприемачите ќе го добијат неопходното, директно од општина Битола – вети кандидатот за советник од „Сојузот за иднината“.

Би можело да ве интересира

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно

Станивуковиќ со поддршка за Додик: „Процесот е политички наместен“

Предраг Петровиќ

Државната каса била главен спонзор за изборните кампањи на Парламентарните избори 2024 година

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение