„Ова е невидена тортура од власта“, рече Душко Илиевски, фармерот кој што беше држен во притвор и предвреме осуден од власта дека одгледува канабис, за судот подоцна да утврди дека тоа не е вистина.
„Сакам да му порачам на Шиповиќ да издржи. Тој ќе биде ослободен, но треба да издржи. Еден ден ќе се докажат сите хајки што ги прави оваа власт против неистомислениците и оние кои не се покајуваат“, рече Илиевски.
„Имам искуство кога притворот е казна, а не правна мерка. Бев 12 дена во притвор, поминав две години голгота по судовите но излезе виделината“, рече тој.
Темјана Поповска