ВИДЕО: И семафор се појави пред галиите на кејот на Вардар

Од:

Семафор на кејот на Вардар утринава го привлече вниманието на речиси сите граѓани кои минуваа на пешачката зона на кејот кај кафулињата.

Никој нема одговор зошто семафор е поставен пред галиите на кејот. А1он го контактираше и Град Скопје со цел да дознае во каква функција е ставен семафор на пешачката зона, но од таму кажаа дека не знаат за што се работи.

Претходно, во урбанистичкиот план на Градот за овој дел од кејот стоеше и улица на сред кафулињата и летните тераси која би водела до зградата на Телеком. Овој план беше донесен откако не беше исполнет еден од условите за добивање на тендерот за зградата-подземен премин до плоштадот, односно до зградата кој секако чини многу пари.

Ваквата идеја, на штета на граѓаните наиде на бурни реакции, по што градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски спречи претворање на кејот во прометна улица за возила и забрани градежни работи во овој реон.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски