ВИДЕО: И по прегласувањето Заев победи во Струмица

Од:

Струмичани по трет пат изгласаа и му го доверија градоначалничкиот мандат на Зоран Заев, ја потврдија довербата во него и му ја доверија иднината на Струмица. И по прегласувањето на трите гласачки места тој извојува победа и освои повеќе гласови од гласањето пред две недели.

Градоначалникот Заев и струмичани веќе ја слават убедливата победа. Се пее во чест на извојуваната победа и покрај сите притисоци, закани и уцени од страна на актуелната власт што беа вршени во текот на целата кампања.

Од пред штабот на СДСМ прославата продолжува на градскиот плоштад и според најавите ќе трае до раните утрински часови.

-Моите струмичани потврдија пред сите дека не потклекнуваат на закани и притисоци, дека не трпат вакква диктатура, овој резултат денеска победа со поголема разлика од претходно, победа со повеќе глаСОВИ пушта силна порака и кон власта и кон цела Македонија дека не смее никој да дозволи да го погазува судството, да си игра со медиумите да го валка достоинството на нашиот народ, рече Заев по прогласувањето на победата.

Би можело да ве интересира

Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за изборни повреди на 2 ноември

Последен ден од изборната кампања за градоначалници за вториот круг од локалните избори

Вилдерс без мнозинство, Јетен бара стабилност – Холандија се соочува со сложени преговори за влада

(ВИДЕО) Мицкоски: Изборниот процес се одвива мирно и достоинствено, очекувам да прогласиме уште една историска победа

Горан Наумовски

Излезеноста до 15 часот 31,16 отсто, ист одзив има и во Град Скопје

Горан Наумовски

МВР: Во Прилеп уапсени се две лица поради „поткуп при избори и гласање“