Нема да дадам оценка, затоа што вистинската оценка ќе биде извештајот од ЕК кој ќе биде објавен наредната недела, но би можел да се осврнам на елементи од разговорот што го имав со Хан. Мислам дека е многу јасно дека имплементацијата на демократијата е под знак прашалник во оваа држава. Скандалот со прислушувањето треба да се гледа како посебен случај и не треба да се остави да помине без вистинска реакција. Вклучен сум како медијатор и навистина ми е мило што СДСМ го вративме во Парламентот, меѓутоа не можеме да се преправаме дека не се случило, рече Ричард Ховит, европратеник.
Никој не вели дека содржината на снимките и разговорите во нив е лажна, а сите знаеме дека материјалот на лентите содржи индикации за длабока политичка корупција во земјата и мора да се примени законот. Од политичка гледна точка, факт е дека постои длабока политичка корупција во оваа земја. Во ваква ситуација навистина е потребно да се користат невообичаени средства како што беа т.н. „бомбите“.
Во однос на изборниот процес, сметаме дека режимот ја искористи ситуацијата. Односот со медиумите не е плуралистички, и не ги дефинираат вистинските ставови. Во однос на граѓанскиот сектор, навистина е тешко во ваква ситуација да работиш како независна невладина организација и да делуваш активистички.
СДСМ во овој процес нема сомневање дека ги почитува регулативите од Договорот, а ВМРО ДПМНЕ не ги почитува. Јавноста треба да согледа и да сфати дека решението на социјалдемократијата е подобро за оваа држава, за Италија, за Германија и Велика Британија, бидејќи идејата е да имаме подобар живот, да имаме поголеми примања, почит за постарите, да има еднаквост меѓу мажите и жените и да се бориме против ксенофобијата и дискриминацијата и токму тие вредности ги претставува СДСМ во оваа земја.
Прво морам да кажам за британските политичари дека во нашата држава политичарите даваат оставка кога ќе направат нешто погрешно. Не станува збор за еден политичар или една партија во Македонија, туку тоа е како функционира демократијата. Секој од нас кога носиме одлуки и ќе донесеме погрешни одлуки мора да си ја сносиме одговорноста. Ако направиме сериозна грешка тогаш тоа е крајот, бидејќи ние сме таму врз основа на доверба од јавноста. Таму сме за да ги исполниме високите стандарди и мораме да живееме и работиме по тие стандарди. Ако не правиме така тогаш немаме право да бидеме таму. И во политичката традиција во мојата земја како и во многу други европски земји дури и кога не станува збор за лична грешка на министерот, доколку е грешка на министерството или на владата тој министер ќе си даде оставка како прашање на чест и морал.
Ние мора да ги прифатиме демократските избори, да работиме со тоа без оглед дали ни се допагаат или не. Меѓутоа мора да има законска и правна одговорност. Може да победите на на едни избори, меѓутоа доколку сте го прекршиле законот сепак треба да подлежите на тој закон. Значи изборите не ве прават непобедливи или да не може да одговарате пред законот. Знаете дека во целава ситуација имаме специјален обвинител кој е предвиден со договорот од јуни и кој треба да ги добие сите потребни ресурси да ја спроведе истрагата за ова прашање, а многу е јасно дека криминалот постои во оваа земја на највисоко ниво и тоа не може да биде позитивно проценување на оваа земја доколку станува збор за демократска иднина на оваа земја. Значи мора да се преземе одговорност за криминалот што го гледате. Меѓутоа настрана политичката одговорност, ова е всушност предизвик за народот на оваа земја на изборите. Дали изборниот систем на оваа земја искрено може да побара од политичарите да бидат политички одговорни за нивните грешки.