(ВИДЕО) Херојот кој го победи „терористот“ во авион: Само реагирав инстинктивно, сакав да ги заштитам другите

Од:

Во неделата се случи инцидент на летот од Лондон до Глазгов откако еден од патниците извика дека има бомба, притоа рече „Смрт за Америка, смрт за (американскиот претседател Доналд) Трамп“ и „Алаху Акбар“.

Патникот кој се закани со бомба беше поразен од Зоран Настески, кој е роден во Скопје, татко му е од Македонија, а мајка му од Србија. Живее во Велика Британија.

Настески го собори човекот на под за време на летот и го држеше до слетување, кога го презеде шкотската полиција.

Во меѓувреме, во Велика Британија е започната истрага за терористичкиот напад.

На видео се гледа моментот кога Настески го совладува патникот кој извикува дека има бомба и го навредува американскиот претседател Доналд Трамп.

„Вчера наутро (27 јули) отидов на одмор во Глазгов. Околу десет минути пред слетувањето, еден човек помина покрај мене држејќи кафе и телефон во рацете. На почетокот се плашев дека ќе ми истури топло кафе, па се засолнив. Потоа почна да вика дека има бомба и дека ќе го собори авионот, за да докаже дека политиката на Трамп е погрешна“, вели Настески.

Патниците паничеа, додаде Настески, децата врескаа, а екипажот беше видно вознемирен.

„Само реагирав инстинктивно, сакав да ги заштитам другите. Станав, го соборив, му го зедов телефонот и го држев за раце додека не слетавме. Набрзо ми помогна друг патник, не сум сигурен дали беше Англичанец или Шкотланѓанец“, рече Настески.

По слетувањето на аеродромот, пожарникарите и полицијата пристигнаа на пистата и уапсија 41-годишен маж.

Целиот настан го снимила патничка, која подоцна го испратила видеото до Настески, кој го сподели на интернет. Видеото набрзо стана вирално на социјалните мрежи, а беше објавено и на каналот NDTV.

По десет години работа во Велика Британија, Настески планира да се пресели со својата партнерка во Србија, каде што има семејни корени.

„Се селам во Белград, бидејќи ја запознав најпрекрасната жена на светот, Сандра“, вели Настески.

Би можело да ве интересира

Им приоѓа на жртвите од зад грб, па ги кине ланчињата од врат – уапсен е крадец кој направи штета од 10.000 евра

А1он

На „Блаце“ уапсен кондовец баран за тероризам – му се закануваат 16 години затвор

А1он

Пензионери се мета на лажни лекари – во Пирот е уапсен бугарски државјанин кој измами старица

А1он

(ВИДЕО) Уапсени малолетници во Врање – бегаа од потера, удрија во полициско возило

А1он

Возеше мопед без дозвола, со 2,93 промили алкохол во крвта – беше позитивен и на канабис

А1он

Србија покажа вооружени „роботски кучиња“ од кинески дизајн

Предраг Петровиќ