ВИДЕО: Харадинај сред Тетово прогласен за почесен граѓанин

Од:

[staff name=”Зоран Јовановски” position=”Автор”][/staff]По пристигнувањето во Тетово поранешниот водач на ОВК и поранешен премиер на Косово Рамуш Харадинај имаше средба со лидерот на опозициската ДПА Мендух Тачи, а церемонијата за негово прогласување за почесен граѓанин се одржа пред зградата на локалната самоуправа.

Таму Харадинај пред насобраните граѓани рече: „Оваа почит што ми ја изразивте не е само за денеска, туку и за во иднина. Ветувам дека никогаш нема да ве разочарам и посрамотам“.

Лидерот на „Достоинство“ Стојанче Ангелов пред почетокот на церемонијата пред општинската зграда изјави дека не направиле масовни протести бидејќи не им била гарантирана безбедноста.

Откако без гласање тетовскиот општинскиот совет ја донесе одлуката за на Харадинај да му биде доделана титулата почесен граѓанин, седницата ја напуштија советниците Македонци. Според нив таа точка на дневен ред била ставена без претходна координација со што бил прекршен деловникот.

По ова од Државниот инспекторат за локална самоуправа ја поништија одлуката на советот на општина Тетово.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снимка од моментот на земјотресот во Тетово

Катерина Ѓуровски

Почуствуван земјотрес во Тетово и околината

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар

Забрана за автобуси на патот Тетово – Попова Шапка

Дел од медицинските лица во Тетово излегуваат на улица поради нерешен работен статус

Горан Наумовски

Кривична за багеристот кој скина кабел за струја и го остави пола Тетово без струја