ВИДЕО: Хаос во ДИК, огромна разлика во двата извештаи од теренската проверка

Од:

Двата извештаи кои беа презентирани во Државната изборна комисија за единствената теренска проверка внесе хаос. Во првиот извештај презентиран од службата на ДИК, се истакна бројка од 6.366 прашалници во кои воопшто не е одговорено дали анкетарот лично се сретнал соиспитаникот, додека во вториот извештај, 10.436 прашалници немаат одговор за истото прашање.

Бројката за прашалници кои физички недостасуваат во првиот извештај е 282, а според вториот извештај, физички недостасуваат 414 прашалници.

Спроед извештајот на раководителот на Информатичката технологија, 1.535 лица кои не дале одговор за време на теренската проверка дошле и дале одговор, 3.861 лице не отишле, а 81.956 лица никако не одговориле.

Во извештајот кој го презентираше раководителот на ИТ на ДИК, стои дека на 1.043 адреси никој не живеел, за 1.730 лица нема информација, 2.945 лица не биле тука за време на проверката, 8.878 лица во моментот на проверката биле во странство, 5.093 лица се иселени на друга адреса во Македонија, за 1.303 лица не се знае каде се иселени, 523 лица се починати, 149 лица биле во болница, 36 лица немаат право да гласаат, а 8.351 лице се ставени под точката „друго“.

Извештајот на раководителот на ИТ од ДИК изнесе дека при вршење на теренската проверка, 26 одговори биле дека тоа е јавна администрација, 15 дека на тоа место нема објект и дека тоа е руиниран објект, 13 одговори дека објектот е во фаза на рушење, како и одговори дека таа адреса не постои, дека не постои стан во таа зграда и лица кои одбиле да се легитимираат.

Според Субхи Јакупи, внесот на податоци не е по нивна желба, туку по одговорот на прашањата. Според него, сомнежот е зошто според едниот извештај 414 податоци не се внесени, а според другиот извештај бројката е 282.

Игор Милев истакна дека не планира да гласа за извештаите, бидејќи двата извештаи даваат различни бројки.

Избовори од ДИК за А1он брифираат дека овие огромни разлики во бројките се токму тие кои требало да бидат разгледувани на седницата и да се одлучува што понатаму, меѓутоа бројките само создадоа конфузност буквално на сите. Иако комисијата требало да одлучува како ќе реагира за бројките, тие одлучија да ги изгласуваат двата извештаи одделно, а потоа да бараат решение за разликите.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Борис Кондарко и официјално претседател на ДИК

Чејни: Ќе гласам за Харис, а не за републиканецот Доналд Трамп

Горан Наумовски

ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами

„Европски фронт“ поднесе тужба до Управен суд за прегласувањето во Желино

ДИК ќе одлучува по приговорот од Европскиот фронт

Катерина Ѓуровски

Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино