(ВИДЕО) Груби: Усогласени се десет амандмани за СЈО, преговорите продолжуваат

Од:

Пратеничките групи усогласија десет амандмани од вкупно 50 доставени за предлог-законот за обвинителството кое денеска е на дневен ред на седницата на Комисијата за избори и именувања. Претседателот на Комисијата Артан Груби најави дека ќе продолжат преговорите на работната група меѓу власта и опозицијата за консензуално да се донесе законот со кој треба да се реши иднината на СЈО.

“Преостанаа уште 41 амандмaн за законот за обвинителство и ако успееме нешто да усогласиме како денес, може да продолжиме со седницата“ рече Груби.

Седницата на Комисијата најверојатно ќе продолжи во следните денови, откако претходно партиите се согласија околу буџетот на новото обвинитлество, називот на обвинителството и други технички прашања. Темите околу кои партиите имаат спротивставени ставови, како судбината на судските предмети на СЈО, мандатот на обвинителите во СЈО и изборот на обвнител кој ќе раководи со обвинителството, ќе се разгледуваат во работната група.

Би можело да ве интересира

Мојсоска од Левица: Груби користел и обезбедување на државата кога избегал

Предраг Петровиќ

Стоиљковиќ објави слики од „демолираното“ БМВ оставено на сервис во времето на Груби

Катерина Ѓуровски

МВР истражува дали бегството на Груби било организирано

Петрушевски: СДС ќе исчезне како Груби, со секој поминат ден како не се извинуваат, губат

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: СДС останаа последното упориште на Артан Груби

ВРЕДИ: ДУИ го губи компасот, во забуна не знае што прави, кого напаѓа, а кого го брани