ВИДЕО: Груби се вакцинираше, озвучен со микрофони и пренос во живо ја прими кинеската „Синофарм“

Од:

Со пренос во живо, поздравување како на митинг, озвучен со микрофони, фотограф, вицепремиерот Артан Груби отиде да се вакцинира против коронавирусот. Откако се поздрави во холот со сите кои чекаа ред и влезе пред нив во собата за вакцинација, доби упатство какви симптоми може да има по имунизацијата. Администраторката му објасни дека може да има покачена температура, а Груби ја прашуваше и како тече процесот на вакцинација во пунктот.

Груби ја прими првата доза од вакцината на кинеската „Синофарм“. За разлика од останатите граѓани кои по вакцинацијата седат најмалку 15 минути во пунктот за да докторите следат дали ќе се појави алергиска реакција, Груби веднаш го напушти пунктот. И на излегување, помина низ гужвите во холот, поздравувајќи се со луѓето кои чекаа ред.

Вакцинацијата на Груби доаѓа откако претходно се вакцинираа премиерот Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче. Во наредните денови ќе се вакцинираат и останатите министри од Владата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Безбедносна процена или политичка одлука – Кузеска со критики за случајот Груби

Горан Наумовски

По повикот од Филков, се огласи Советот на јавни обвинители за случајот Груби

Горан Наумовски

Вреди: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Левица: Дури ни Груби првично не се пожалил на безбедносен ризик – ДПМНЕ преку АНБ и МВР без проценка го испратија дома

Горан Наумовски

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана