(ВИДЕО) Граѓански порака: Сакам моите деца да живеат во Македонија, затоа ќе гласам за живот

Од:

„Јас сум Сузана Трајковска, и денеска сум тука да ви кажам зошто јас на 11-ти декември ќе гласам за живот во Македонија.

Јас и моето семејство живеевме добро до 2008-ма година. Затоа решивме да отвориме сопствена фирма за печатење. Нашата бизнис идеја беше поздравена тука во Прилеп и ни беше ветена парична награда, што ќе го дополни нашиот влог за основање на фирмата. Почнавме со голем ентузијазам, дадовме сè од себе, вложивме сè што имавме.

Но парите од наградата не ги добивме. Наместо неповратни средства во форма на награда, добивме кредит. Ние веќе ги дадовме сите пари за печатницата. А дојде и кредит што мора да се исплаќа. Си рековме добро, ќе работиме, ќе заработуваме. Знаете ли што се случи? Почнаа да нè одбиваат од сите тендери и проекти што ни беа ветени!
Почнавме да тонеме во долгови. Бизнисот пропадна, животот ни се уништи.

Сега живееме во сиромаштија, семејството ми страда. Имаме еден куп неплатени сметки и постојано извршители на врата. Дома живееме во студ на минус 20, во жештини на плус 40, во куќата не можеме да инвестираме бидејки основната егзистенција ни е загрозена.

Ова е борба за гол живот! И доста беше! Сакам да живееме нормално! Сакам моите деца да останат да живеат во Македонија!

Тука дојдов не за да се жалам, туку за да ви кажам зошто ние на 11 декември ќе гласаме за промени. За нас 11 декември е шанса за нов достоиствен живот. Знам дека не сме само ние, знам дека многумина имаат сличен живот како нас.

Јас на 11 декември ќе заокружам 4! Ве повикувам сите да го направиме тоа. За живот во Македонија“, рече Сузана Трајковска на митингот во Прилеп.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Дизелот над 100 денари – четврто поскапување за еден месец и нов удар врз семејниот буџет

СДСМ: Избори ќе закаже кога ќе снема пари – Ние нема да му бидеме алиби, но граѓаните ќе му бидат сведоци

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски си ја крои статистиката – граѓаните ја гледаат во продавница

СДСМ: Орце Ѓорѓиевски чита календар за прскање, а Скопје брои четири починати

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски