ВИДЕО: Градската плажа уништена, во „ветер“ отидоа 150.000 евра

Од:

Градската плажа под Камениот мост која беше отворена пред четири години под мотото „На чекор од тебе“ повеќе не постои. Не може ни да се направи чекор од кршот кој остана по инвестицијата од 150 илјади евра.

Напуштени шанкови, уништени тушеви, џбунови наместо скапите палми кои се селеа и затоплуваа преку зима за што дополнително имаше трошоци. Дупки, откорнати ѕидови, кабли на сите страни.

Бината предвидена за манифестации е пропадната, украсните чешми не се повеќе украсни. Веројатно дојде време за ново проектче на истиот простор и ново фрлање на пари.

DSC_0005

Токму градоначалникот Коце Трајановски упорно тврдеше дека проектот не е промашен, иако ретко можеше да се начека посетител во изминативе четири години.

gradskaplazaKrsh (3)

Тој тврдеше дека времето ги одвратува посетителите, дека проектот е добар, но зависел од временските услови.

Токму Трајановски ја отвори плажата заедно со премирот Никола Груевски во мај, 2011 година.

gradskaplazaKrsh (5)

– Ми претставува особено задоволство што денеска ја отвораме втората градска плажа на кејот на Вардар. Под мотото „На чекор од тебе“ плажата „Камени мост“ ќе претставува ново културно катче во градот, а на посетителите ќе им понуди пријатно место за одмор и рекреација и можност за разладување во топлите летни денови, рече Трајановски.

gradskaplazaKrsh (2)

На Градската плажа беа поставени стреи и урбана опрема од монтажен карактер – дрвени платформи, 20 маси, 80 столчиња и 80 лежалки. На плажата беа поставени и четири шанкови, детско катче со лулашки и бина за одржување манифестации.

gradskaplazaKrsh (1)

За изградба на плажата Градот Скопје вложи околу 9 милиони денари, а на терен работеа екипите на градежната фирма „Алкон проект“.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

(ФОТО) Паднати дрвја низ цело Скопје, ветрот правеше масакр по улиците

А1он

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Мицкоски: Жена парк и улица Македонија кои за сите скопјани будат многу спомени, сега се во состојба во којашто не треба да бидат