(ВИДЕО) Говорот на Зоран Заев каде го повика народот на сенароден протест на 17 мај

Од:

Целиот наш народ, сите кои знаат дека е вистинско време за преземање чекори. Ве повикувам, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Бошњаци, Власи, политички партии, здруженија на граѓани, земјоделци, работници, лекари, професори, наставници, Ве повикувам сите, под знамето на Македонија-заедно за Македонија, за слобода на Македонија, рече Зоран Заев.

Во продолжение претседателот на СДСМ рече:

Во Уставот пишува дека темелните вредности на уставниот поредок се основните слободи и права на човекот и на семејството. Темелна вредност е и владеењето на правото. Со Уставот се гарантира слобода на говорот, слобода на јавното изразување, тајност на комуникациите, честа и достоинството на секој граѓанин и на секое семејство.

Сето тоа што го пишува во Уставот, власта е должна да го чува. Наместо тоа, таа го има урнисано.

Зарем вака, кога знаеме сè, можеме да молчиме, да шепотиме и ништо да не превзимаме? Зарем не сме свесни дека сега сме сите сведоци на тоа што се случувало во Макеоднија? Денеска сите можеме да потврдиме колкаво зло и злосторничка банда владее во нашата земја.

Зарем не се прашуваме, ако не преземеме нешто, нема ли утре или задутре да не прашаат нашите деца и внуци што правевте, зарем не бевте сведоци, зошто молчевте? Што ќе им кажеме? Ќе можеме ли да продолжиме да живееме? Не, почитувани граѓани.

Ред е заедно со народот да ја завршиме работата. Заедно, рамо до рамо, без било какви предрасуди, партиски, етнички или верски, да застанеме и да си ја одбраниме државата од пропаѓање.

И затоа, во името на Уставот и законите, во името на се поголемото мнозинство граѓани во нашата земја, ве повикувам сите да го заштитиме Уставот и суверенитетот на Република Македонија.

Да живее Република Македонија!

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски e директно одговорен за состојбата во судството, неговата влада направи нула реформи

СДСМ обвинува дека ДПМНЕ намерно го остава ѓубрето и го саботира ЈСП за инает на Арсовска

СДСМ: Мицкоски зборува за мачнина од судството, а не почна ниту направи ниедна реформа

(ВИДЕО) Димковски: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

СДСМ: Кој ќе одговара што институциите не ги предупредија луѓето, ги оставија да дишат штетни отрови и не ги евакуираа?

Филипче: Во Кочани, кај семејствата, полицајци, влегуваа кај семејствата после пожарот, да нема протести, да нема никаква организација