ВИДЕО: Гостиварци се збогуваат со загинатите во автобуската несреќа, меѓу загинатите има тројца студенти

Од:

Стотици жители на Гостивар се собрани пред општината Гостивар каде што се одржа комеморација по повод загинувањето на 14 луѓе во автобуската несреќа вчера кај Ласкарци, на автопатот Скопје – Тетово. Тие се збогуваат од загинатите, чиј идентитет не е официјално соопштен. Отворена е и книга на жалост во која се потпишуваат жителите на Гостивар, изразувајќи сочувство за загинатите во несреќата.

(ВО ЖИВО) Гостиварчани се простуваат од загинатите во автобуската несреќа

(ВО ЖИВО) Гостиварчани се простуваат од загинатите во автобуската несреќа

Posted by A1on.mk on Четврток, 14 февруари 2019

Засега се знае дека еден од починатите е 25-годишниот Јовица Трпевски, кошаркар и син на пратеникот Благоја Трпевски, како и 37-годишниот Зоран Давидоски, вработен во Секторот за сообраќај од град Скопје. Неофицијално, меѓу починатите има најмалку тројца студенти, една постара жена и една жена на триесетина години. Најголем дел од оние што починале во несреќата, според неофицијалните информации, седеле на задната страна од автбусот.

Во Гостивар се веќе поставени и некролози на дел од загинатите во трагичната несреќа.

На денешната комеморација се обрати градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, премиерот Зоран Заев и претседателот Ѓорге Иванов.

„Велат дека катастрафоите ги зближувуваат луѓето, нека биде и овој таков. Ова е најтешкиот говор во мојот живот“, рече Таравари.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски