(ВИДЕО) Господин Петар: МПЦ е единствена православна црква во Македонија

Од:

Македонија ќе има само една црква, тоа е МПЦ и никако друга верска заедница која ќе говори дека е нешто како супститут на МПЦ или паралелна црква на МПЦ. Впрочем, тоа не го дозволува ниту Србија, Бугарија, Албанија или Грција, вели митрополитот преспанско-пелагониски, господин Петар, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Државата и црквата отсекогаш имале многу заеднички нешта и во тој контекст заедничките работи што ги имаат и едните и другите, пред сè спомениците на културата, заштитата на населението, угледот и достоинството на општеството, се мисли и на народот, и од тој аспект, од таа гледна точка, тука нема никаков проблем да има соработка, но кога станува за поединостите, за внатрешните работи на црквата и за внатрешните работи на државата, тука не би требало да има мешање од страна на државата во црквата и од страна на црквата во државата, вели тој.


Во последно време бевме сведоци на свештеници или владици кои се појавуваат во медиумите со одобрување или не на ставовите на одредени политичари или појавување на места каде што имаше протести за или против за градба на одредени објекти. Не мислите ли дека ова е преголемо присуство во медиумите со речник којшто е сличен на политичарите и оттука многумина не го одобруваат ваквото дејствување во јавноста?

Ако се работи за општ интерес, тогаш можеме и ние да си го кажеме својот став. Имено, кога станува збор во општеството дали ние се застапуваме за здраво семејство, кое, според учењето на црквата, го сочинуваат маж и жена кои ги исполнуваат условите, а во меѓувреме во општеството се нуди нешто друго, да има геј бракови итн., ние тогаш сме должни да истапиме и да кажеме дека тоа не е природна работа и дека тоа е спротивно да природниот начин на живеење и во тој контекст имаме право да истапиме и да поддржиме мислења и ставови по тие прашања, но по прашањето за мешањето во внатрешни работи на државата, во смисла ние да вршиме кампањи за избор на некои личности во државата или да преземеме чекори да се мешаме во изборната кампања, тоа не е во ред.

Би можело да ве интересира

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите