(ВИДЕО) Гошев: Излез од кризата ќе има само ако специјалниот обвинител биде воден од странците

Од:

Процесот околу решавањето на кризата го водат странци – ЕУ, САД и плус уште некои од амабасадорите на повлијателните држави во Македонија. Тоа зборува дека ние самите не сме способни да решиме толку важна работа во општеството. Истот важи и за специјалната обвинителка таа може да ја заврши работата само ако биде силно поддржана од странскиот фактор, оцени Петар Гошев.

– Мојата оценка е кога би било оставено на самите поглавици не ма да се реши кризита, ниту со специјален обвинител, ниту со дупло специјален обвинител. Процецот единствено ќе заврши онака како што мнозинството граѓани очекува, ако биде докрај воден од надворешниот фактор, ЕУ и посебно САД. Ако специјалниот јавен обвинител биде од почеток до крај – поддржуван, воден, хранет, насочуван со се што е потребно. Во спротивно, не верувам дека нешто може да се реши затоа што ние, како општество, проблемите почнуваме да ги решаваме откако се ќе се распадне, рече Гошев.

Според него граѓанскиот сектор не е доволно силен да изврши притисок врз партиите да ја решат кризата.

– Граѓанскиот сектор не е доволно силно организиран да ги принуди политичките елити поинаку да се однесуваат и да водат сметка за општите интереси, за државните интереси, наместо да водат сметка само за нивните лични, групни и партиски интереси, вели Гошев.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Петар Гошев: Институциите мора да се заинтересираат – кој сака да влезе во Макпетрол?

(ВИДЕО) Гошев: Постапките на власта заслужуваат експлозија од незадоволство

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Гошев: Сите да излезат на големи протести против џелатите на Уставот

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Гошев: Македонија има огромни проблеми и нема изгледи да ги реши со ваков политички и економски систем

Емир Латифовиќ

Гошев: Или меѓународната заедница да ги апси „криминалците“, или парламентот да го исфрли Груевски од игра

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Гошев: Имам резерви кон човекот во преговорите чија фирма е трета во тендерите за Скопје 2014

Емир Латифовиќ