(ВИДЕО) Гошев: Над 700 милиони евра се украдени во Телеком

Од:

На прашањето – Што по Груевски на вечерашната дебата и промоција на книгата „Оди си! (осум писма до Никола Груевски)“, во издание на „Темплум“, Петар Гошев, рече претходно мора да се расчистат криминалите на власта за да идните политичари што ќе дојдат на власт извлечат поука.

– Значи мора прво да се санкционира. Затоа што оваа кражба ги украде сите работни места во Македонија, овие иселувања на луѓето се од украдените работни места, од пренесените пари надвор или заради скриени пари. Ден Дончев раскажува како се пазареле за периодот на одржување на монопол на странскиот инвеститор. Дали тој ќе биде 4 години или 5 или 6 години и што добивале ако биде 6 години. Наводно добивале 30 милиони плус на цената од 50 отсто што ќе го купат, ако периодот биде 6 години.

Не биле четири години, колку што тоа го пишува во Спогодбата за стабилизација и асоцијација, како што било одлучено во преговорите со ЕУ. Овие на Телеком му обезбедиле 7 години монопол, во тие 7 години платите ги зголемија за 300 – 400 отсто со намален број вработени. Во социјализмот со превработеност, Телеком имаше 150 милиони марки добивка, замислете, со 300-400 отсто, колкава била таа добивка. Моја најминималистичка проценка е дека најмалку 100 милиони евра годишно се криеле. Добивка што ја изнесувале пред да ги покажат финасиските биланси. За 7 години најмалку 700 милиони еввра се испумпани од граѓаните и од фирмите во Македонија, плаќајќи по три – четири пати поголеми цени за услугите, рече Гошев.

Според него сега ќе имаме нова афера со либерализацијата на енергетскиот сектор која се случува според истиот модел.

– Купени се политичари, купени се луѓе од владата да ја одложат либеризацијата на енергетскиот сектор. Кој има полза од одложувањето на либерализацијата на енергетскиот сектор? ЕВН, по некои пресметки ќари повеќе од 20 милиони евра заради одложувањето на либерализацијата. Тие 20 и нешто милиони ќе ги платат граѓаните и фирмите, сите што трошат струја. Кој носи одлука за одложување? Владата или неколку луѓе во владата и тоа поминува. Надлежните институции, што сега ги нема, треба само да истражат кој колку мито примил за ова одложување. Повеќе од сигурно е дека е истиот модел како Телеком. Само овие примери покажуваат дека само од овие две афери се дрпнати над милијарда евра, рече Гошев.
Тој потсети на снимките од опозицијата во кои исто така се зборува за земање мито од кинеските инвеститори.

– Парите за Телеком, за ЕВН, парите за Актор, потоа кинеското мито, значи целото мито е платено од македонските даночни обврзници,а и целиот профит што го имаат – е од македонските граѓани, рече Гошев, на вечерашната дебата и промоција во ГЕМ, на која учестуваа и Никола Гелевски, Ида Протуѓер и Бранимир Јовановиќ.

Би можело да ве интересира

Петар Гошев: Институциите мора да се заинтересираат – кој сака да влезе во Макпетрол?

(ВИДЕО) Гошев: Постапките на власта заслужуваат експлозија од незадоволство

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Гошев: Сите да излезат на големи протести против џелатите на Уставот

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Гошев: Македонија има огромни проблеми и нема изгледи да ги реши со ваков политички и економски систем

Емир Латифовиќ

Гошев: Или меѓународната заедница да ги апси „криминалците“, или парламентот да го исфрли Груевски од игра

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Гошев: Имам резерви кон човекот во преговорите чија фирма е трета во тендерите за Скопје 2014

Емир Латифовиќ