ВИДЕО: Гори галијата на Вардар

Од:

Опожарена една од галиите кој се наоѓаат во реката Вардар во центарот на Скопје.

Според видеото црн чад се издигнува над галијата која се наоѓа на кејот во близина на Холидеј Ин.

Според информациите кои ги добивме пожарникари веќе пристигнале на локацијата и се обидуваат да го изгаснат пожарот.

Од противпожарната бригада на Скопје за А1он велат дека пожарот настанал во внатрешноста на галијата.

Се интервенира со три возила и 12 пожарникари.

Запалената галија е онаа што почна да ја урива поранешниот градоначалник Петре Шилегов. По промената на градскат власт, уривањето запре.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Со часови беснее пожар во романскиот зимски центар Појана Брашов, евакуирани 150 лица

Догорче од цигара причина за пожарот во ГОБ „8 Септември“, нема повредени

Пожар во болницата „8 Септември“ во Скопје, пациентите се евакуираат

Горан Наумовски

Пожар во подземниот паркинг на КАМ мол во Ѓорче Петров, евакуирани посетителите

Горан Наумовски

Изгорен стан во Белград, во ходникот пронајдено тело на 55 годишник

А1он

Двајца пожарникари загинаа додека гасеа пожар во близина на Атина