А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВИДЕО: Големо апсење на МВР – паднаа познати македонски дилери

by А1он22/09/2014 - 13:4722/09/2014 - 15:43181
Share0

Во текот на 2014 година од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за недозволена трговија со дрога, во координација со СВР Битола и СВР Скопје, во рамки на акцијата „Мрежа“, беше спроведено криминалистичко истражување, при што беа преземани континуирани мерки и активности за обезбедување на материјални докази против криминална група која се занимава со недозволена трговија со наркотична дрога.

Добивај вести на вибер

Во врска со спроведеното криминалистичко истражување, беше реализиран случај на недозволена трговија со марихуана, при што од слобода се лишени четири лица, македонски државјани, а при извршените претреси на дом и лица, пронајдени и одземени се 9 полиетиленски пакувања исполнети со растителна материја, марихуана, со вкупна тежина од околу 9 кг, една полиетиленска кеса исполнета со мала количина на растителна материја, марихуана, една полиетиленска кеса и една хартиена паковка исполнети со мали количи од прашкаста материја, пушка марка „Комета“ калибар 5,5мм и 16 куршуми калибар 5,5мм.

Од досега преземените мерки утврдено е дека Д.Н.(1961) и Ц.Г.(1969) со ПМВ марка Мерцедес со бугарски регистарски ознаки, од Скопје се упатиле кон Битола каде оствариле средба со лицето С.Љ.(1980), со цел да организираат набавка на наркотична дрога марихуана. По остварената средба сите заедно се упатиле кон локација каде ја набавиле неутврдената количина на растителна материја, најверојатно марихуана. По извршената набавка, С.Љ. се вратил во Битола, а лицата Д.Н.(1961) и Ц.Г.(1969) со горенаведеното ПМВ се упатиле кон Скопје со цел да ја транспортираат набавената растителна материја, најверојатно марихуана.

Од страна на полициски службеници на МВР, по претходно добиени оперативни сознанија, преземени се оперативно тактички мерки, при што, на наплатната рампа „Петровец“ во правецот на автопатот Велес – Скопје, сопрено е ПМВ марка Мерцедес со бугарски регистарски ознаки управувано од лицето Д.Н. и совозач лицето Ц.Г. заради вршење на преглед и претрес на ПМВ и лицата. При превземените полициски дејствија во багажниот простор на возилото управувано од лицето Д.Н. пронајдени се 9 полиетиленски пакувања исполнети со зелена растителна материја, спакувани во посебна вреќа за што по првичниот увид се претпоставува дека се работи за околу 9 кг. наркотична дрога-марихуана.

mvr

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) МВР со засилени мерки против употребата на пиротехнички средства

А1он19/12/2025 - 15:3819/12/2025 - 15:39

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Катерина Ѓуровски09/12/2025 - 12:14

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Предраг Петровиќ05/12/2025 - 20:00

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он03/12/2025 - 16:48

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

Катерина Ѓуровски01/12/2025 - 10:19

СДСМ: Зошто МВР на Тошковски дозволило да се случи концертот на Аца Лукас

Предраг Петровиќ23/11/2025 - 13:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен