ВИДЕО: Голема акција за чистење на кејот на Вардар во Ѓорче Петров

Од:

Градот Скопје во соработка со Општината Ѓорче Петров почна голема акција за темелно чистење на кејот на Вардар, на потегот од мостот во Хром до мостот во Сарај во должина од околу 4 километри. На терен работат екипите на ЈП „Комунална хигиена“ и комунални работници од општината.

– Изминатава година интензивно работиме на кејот, она што повеќе децении било запоставувано од претходните градски администрации сега темелно го работиме. Одиме чекор по чекор, со цел кејот да го добие сјајот што го заслужува. Заедно со Општината Ѓорче Петров на овој потег работиме на должина од 4 километри, на целосно и темелно чистење и облагородување на просторот со цел овој јавен простор на граѓаните од Ѓорче Петров и од Сарај да им послужи за рекреација и за разонода. Да не заборавиме дека се уште сме среде пандемија и секој добро осмислен и обновен јавен простор е добредојден за граѓаните. Ние веќе темелно работиме на чистење на кејот, па ги повикувам и другите градоначалници на општините низ кои поминува реката Вардар да се вклучат со свои ресурси со цел што е можно побрзо да го вратиме сјајот на нашиот кеј – рече градоначалникот Петре Шилегов, на денешната прес-конференција.

На почетокот на акцијата за чистење на кејот на Вардар, на потегот од мостот во Хром до мостот во Сарај денеска присуствуваше и градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски.

Би можело да ве интересира

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он

Ако не биде исплатена септемвриската плата, од утре вработените ќе ги блокираат двата влеза на ЈП „Паркови и зеленило“