(ВИДЕО) Голем пожар му се заканува на селото Ѓавото близу Богданци

Од:

Пожарникари и доброволци од селото Ѓавoто близу Богданци се обидуваат да го локализираат пожарот кој пламна денеска во 13:30 часот во поле, којшто подоцна се проширил во шума на место викано Погана помеѓу Гевгелија и Богданци.

Пожарот е на само 50 метри доближен до селото.

Според последните информации гори прнар и нискостеблеста шума. На терен дејствуваат противпожарната служба од Богданци, а помош им пристигнала и од другите блиски општини.

Поради силниот ветар отежнато е гаснењето на пожарот.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче