ВИДЕО: Голем пожар кај „Борис Трајковски“ во Карпош

Од:

Голем пожар во близина на салата „Борис Трајковски“ и хотелот Александар Палас.

Како што може да се види од видеото од пожарот е зафатен поголем дел од дрвjата и зеленилото кој се наоѓаат во зелениот појас покрај кејот на Вардар.

Густ црн чад се издигнува над населбата Карпош. Овој дел од кејот на Вардар е речиси непристапен од силната вегетација и е полн и со шут на некои места. Но според фотографиите може да се види дека опожарени се и дрвјата.

„Запалени се сува трева и ѓубре од депонија. Три возила со седуммина пожарникари веќе го гаснат пожарот и очекуваме дека за многу кратко време ќе биде локализиран“, вели Ѕвонко Томевски, командант на Противпожарната бригада на Скопје.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче