ВИДЕО: Глувци шетаат во студентскиот дом „Пелагонија“

Од:

Глувци во тоалетот покажуваат снимки испратени од студенти кои живеат во домот „Пелагонија“ до организацијата „Студентарија“ која пак алармираше за ситуацијата на социјалните мрежи.

Според сведочењата на студените, како што обајви „Студентарија“, алармирано било до управата на домаот, а реакцијата била несоодветна со иронично прашање „Од глувци ли се плашите“. Потоа како што се тврди на студентите им бил поделен отров, за само да до стават на местата каде што има глувци.

Пред неколку дена, студентите сместени во домот „Браќа Миладиновци“ во Штип повторно излегоа со предупредување за недостоинствените услови во кои живеат, барајќи итна реакција од надлежните институции.

Според информациите што ги објави платформата „Студентарија“, студентите целиот изминат викенд биле оставени само со конзервирана храна, две паштети, две конзерви месен нарезок, едно чоколадо и еден кроасан. Тоа, велат, бил единствениот оброк за два дена, бидејќи кујната во домот не работи за време на викендите.

„Ваквата исхрана е понижувачка и нездрава. Ние сме студенти, не затвореници“, реагираат тие, додавајќи дека и во текот на неделата оброците се еднолични и нутритивно сиромашни, без салата, овошје или други додатоци.

Покрај проблемите со исхраната, условите во бањите се алармантни за 130 студенти функционираат само две туш кабини, додека дел од тоалетите се нефункционални или во лоша состојба.

Проблеми има и во студентскиот дом „Гоце Делчев“ за каде беше пријавени дека не работат ливтовите во еден од блоковите, па станарите мораа да одат пешки во високите згради.

Би можело да ве интересира

За 15 проценти помалку ученици и студенти сместени во домовите и интернатите

Електронско пријавување за сместување во студентските домови од денеска до 31 јули

Универзитетското собрание на УКИМ бара решавање на проблемите во студентските домови во текот на летото

Проблемите во студентскиот дом „Пелагонија“ ќе бидат решени брзо најави министерката Јаневска

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Сите девет државни студентски домови ќе бидат реновирани, за почеток „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски-Питу“ во Скопје

Предраг Петровиќ

Студентски отпор: Шест студенти од „Пелагонија“ се затруле со расипани јајца

A1on