(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Службен весник не смее да го објави законот за двојазичност без потпис од претседателот

Од:

Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција изјави дека насилието и кршењето на постапките е одраз на заробена и киднапирана држава од страна на СДСМ. Според него, тие охрабрени од власта која ја имаат се ставаат над законите.

– За ваквото самоволие и газење на демократијата, Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ ќе сносат и политичка но и правна одговорност. За Талат Џафери ќе биде покрената и кривична одговорност за непочитување на Уставот и на законите на Република Македонија. Единствената институција која не подлегна на притисоците на Социјалдемократскиот сојуз и ДУИ и застана во одбрана на Уставот и државните интереси е Претседателот на Република Македонија, господинот Ѓорге Иванов. Секој обид да биде погазена и институцијата Претседател, ќе повлече дополнителна одговорност за сторителите, рече Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека доколку директорот на Службен весник, се обиде да го објави законот без потпис од претседателот ќе стори кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување” по член 353 од Кривичниот закон на Република Македонија.

– Ова дело не застарува за година, две или три за да може да биде амнестиран од судството на Зоран Заев. Со оглед на тежината на делото и огромните штети по буџетот на Република Македонија кои би ги предизвикало незаконското објавување во Службен весник, ставот 5 од членот 353 предвидува затворска казна од најмалку 5 години. Македонското правосудство веќе има пракса за постапување во вакви случаи. Уставниот суд во минатото има утврдено дека е неуставен двојниот потпис на Указот од страна на еден од поранешните претседатели на Собранието кога не е исполнет ниту еден од основите предвидени во член 82 од Уставот. Уставот и законите се јасни, Талат Џафери не смее да си дозволи да го потпише законот за двојазичност на местото наменето за потпис на претседателот Иванов, рече Ѓорѓиевски.

Тој рече дека Талат Џафери и да го потпише законот на местото наменето за претседателот тоа нема да биде валидно бидејќи тој не може да го заменува претседателот Иванов кога тој во целост си ја врши својата претседателска функција.

– Токму затоа директорот на Службен весник смее да си дозволи да го објави законот. Уставот мора да се почитува. Без потпишан указ од страна на Претседателот на Република Македонија нема закон, а доколку некој се обиде и се дрзне да го прекрши Уставот ќе сноси и соодветна кривична одговорност. Законот за двојазичноста не смее да се дозволи да стапи во сила. Законот е неуставен и целосно неприменлив, а последиците ќе бидат огромни и штетни по државата. ВМРО-ДПМНЕ не го признава овој закон и никогаш нема да го признае, рече Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ