(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Од кого и за кого собирал пари соработникот на Оливер Спасовски?

Од:

Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција изјави дека МВР наместо да се бори со криминалот и корупцијата, стана дувло кое служи за собирање изнуда, поткуп и заштита на криминалот.

– Вината за нападите врз полициските службеници се префрла врз пајаците, а најблиските соработници на министерот Оливер Спасовски собираат поткуп по државата. Јавноста ја интересираат одговорите од кого и за кого собирал пари соработникот на Оливер Спасовски? Дали тој бил линк со одредени криминални структури со кои што Оливер Спасовски се фотографираше во предизборниот период? Дали заради тоа соработникот на Оливер Спасовски како човек од доверба беше номиниран во повеќе комисии во Министерството за внатрешни работи? Факт е дека своето учество во таканаречената шарена револуција и работењето за СДСМ, приведениот близок соработник на Оливер Спасовски, добро си го капитализираше, рече Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека приведениот е еден од 15-те кадровски решенија согласно договорот од Пржино кои тогашната опозиција ги предложи за функции во МВР.

– Оливер Спасовски си го назначи осомничениот за началник на Секторот за прикриени операции, посебни истражни мерки и заштита на сведоци. Корумпираниот соработник ја доби целосната поддршка од Оливер Спасовски да ја врши пресметката и со сите професионалци во министерството кои не сакаат да ја спроведуваат партиската агенда на СДСМ. Според информациите кои кружат во јавноста, истиот бил назначен за претседател на дисциплинска комисија во МВР. Со последниот случај станува јасно зошто МВР е паднато толку ниско на ниво кое што се наоѓа сега. Луѓе со сомнителен морал, само заради партиски заслуги се поставуваат да делат политичка правда и да се пресметуваат со сите оние кои чесно си ја вршат својата функцијата. Се поставува прашањето на мотивите и издржаноста на сите дејствија кои досега ги преземал осомничениот, рече Ѓорѓиевски.

Според него овој скандал во МВР не смее да заврши како скандалот со пајакот и дека мора да има одговори и одговорност.

– Уште колку случаи на земање поткуп се сторени претходно, а полицијата замижувала? Кој го штител досега и за кого ги собирал парите? Одговорност мора да има и за соработникот, но и за сите оние кои му чувале грб и му давале позиции од кои што може да прави вакви дела, заврши Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ