(ВИДЕО) Ѓорѓиевски: Цела година по убиството на Мартин Јанушев, убиецот се уште шета слободен

Од:

Зоран Заев, Оливер Спасовски и криминалниот картел под нивна контрола го штитат убиецот на младиот фудбалер Мартин Јанушев, рече Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Цела година по ладнокрвната ликвидација, убиецот се уште шета слободен. Нема пресуда, нема ниту обвинение! Истрагата трае! Да не беше трагично, ќе личеше на шега. Не само што го оставија убиецот да се прошета слободно после свирепиот акт, туку се гледа дека му било помогнато да ја напушти Република Македонија! Невладините организации молчат, а самодекларираните борци за човекови права гледаат да се прескокне 3-ти ноември и да не се бара одговорност од Спасовски. Се надеваат дека ќе се заборави на тагата и на семејството и на пријатели. “Ми отиде детето од неранимајковци…“- со овие зборови се прости со својот син Мартин Јанушев, неговиот татко Бранислав, на неговиот ФБ профил. Тој тогаш ја објави и фотографија од вечниот дом на Мартин, рече Ѓорѓиевски.

Тој праша зошто и кој го покрива убиецот цела година и дали е тоа поради информации за поврзаност со агенција за обезбедување која била под директна контрола на, како што рече, криминалниот картел на власт.

– Зошто молчат невладините кои се креваа на протести и кога убиства се расчистуваа за 48 часа, а во рок од 8 месеци имаше и правосилни пресуди? Дали на нив им се јавил некој од власта да им каже дека животот на Мартин Јанушев е помалку вреден од долгот кои тие го имаат кон убиецот? Скопје е небезбеден град, а Оливер Спасовски е во коалиција со криминалот. Гледаме брутални ликвидации на најфреквентните улици, а убијците се шетаат на слобода и никој не ги гони. Првин во јавноста минуваше мислењето и оправдувањето дека е тотално неспособен Оливер Спасовски, но после една година да не може да се пронајде и однесе во затвор убиецот, какво било оправдување е бесмислено. Само доколку Спасовски си поднесе оставка, Скопје може да стане побезбеден град, а криминалците конечно да се соочат со правда, рече Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Кога веќе следите, зошто не објавите фотографии од Дубаи?

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски