ВИДЕО: Ѓорче Петров под вода, кал се излева по улиците, автомобилите „пливаат“ по краткиот дожд

Од:

Повеќе населени места и десетина улици се под вода, по краткиот дожд во Ѓорче Петров. Орман, Волково, месноста Шкорпион, дел од Ново село, но и Даме Груев се само дел од општината каде по десетминутниот дожд, автомобилите во вода. Бидејќи голем дел од овие населени места немаат атмосферска канализација, водата се излеваше по дворовите на жителите и малите улички. Секој од нив е револтиран, но не и изненаден. Велат дека ова се случува постојано, а проблемот не го решава никој.

„Ова се случува нонстоп. Никој не го интересира да го реши проблемов. При поголем дожд освен дворовите се поплавуваат и подрумските простории. По улица автомобилите прскаат по пешаците“, вели жител на месноста Шкорпион.

Пешаците кои се движеа по тротоарите, наместо со чадорите да се штитат од дожд, тие се штитеа од водата по улиците која се разлева по секое поминување на возилата. Поплавно беше и во Волково кај кружниот тек. Од Волково до Орман, пак, места кои се оддалечени три километри, на улицата има и одрони од карпи. Патот до таму не беше исчистен ни по претходниот дожд од минатата недела, а има и куп камења и кал.

Би можело да ве интересира

Ѓорчепетровец пукал со пиштол од балкон

А1он

Експратеникот Стојкоски можен кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ

Стоилковски: ЈО да реагира за набавката на две машини во Ѓорче Петров за 25.500 евра

Жители на Ѓорче Петров против бетонизацијата: Градоначалникот Наумоски дозволи да се градат 100 нови згради во Хром

Жарко Настоски

Членови на граѓанската иницијатива од Ѓорче Петров на средба со Бочварски околу урбанистичките планови

Жарко Настоски

Пуштени осомничените за пукањето врз полицаец во Ѓорче – нема докази дека тие се напаѓачите

Жарко Настоски