Героски го бараше заканувачот во седиштето на СДСМ, во партијата не го познаваат

Од:

Новинарот Бранко Героски изутринава отиде во седиштето на СДСМ да го бара заканувачот кој сакаше да „го бања во Вардар“ и кој се престави како обезбедување во партијата, но не го најде.

-Доцна синоќа примив закана од лик кој се претстави како дел од обезбедувањето на СДСМ. Побарав лидерот и партијата да се оградат. Од луѓето од секторот за комуникации бев известен дека ова лице не е вработено во СДСМ. Го добив одговорот за да утврдам дали некој лажно се претставува. На мене сега останува да одлучам да го пријавам случајот во полиција. Ова е единствената писмена закана по серијата написи кои предизвикаа бура во јавноста. Тука не ги сметам секојдневните настани како снимање зад грб, но не ги сметам за закани, рече Героски.

Од партијата не го знаат заканувачот, знаат дека не е обезбедување, но не знаат дали е член на партијата.

-Утрово со Героски имавме конструктивен разговор за заканите упатени до него. Како одговорна партија се оградуваме и ја осудуваме заканата. Наша вредност е овозможување на слободен говор и тоа го правиме. За тоа се доказ извештаите на “Репортери без гранкци”. Му кажавме на Героски дека не е обезбедување во СДСМ. Ќе видиме дали е член, а ако е, ќе превземеме чекори согласно статусот. СДСМ осудува обид, напад на новинари и изразување на слободната мисла. Станува збор за лице кое се претставува како псртиско обезбедување а не е, рече Костадин Костадинов од СДСМ.

Синоќа по последниот напис од низата на Героски во кој зборува за сопственик на телевизија и група од власта кои рекетираат на големо, а дел од парите завршуваат во медиумот, Героски доби закана од лице кое се претставува како обезбедување на СДСМ.

-Претседателе на СДСМ, Зоран Заев, вечерва во 22.14 часот ја добив оваа заканувачка порака од извесен Борче Гиноски, кој за себе вели дека работи во обезбедувањето на СДСМ.

Дали Вашата партија, премиере, почна да се служи со вакви методи? Дали ја одобрувате оваа отворена закана? Дали ќе преземете нешто?Утре изутрина точно во 9.15 часот ќе дојдам во седиштето на СДСМ. Ве молам да го обезбедите присуството на овој господин и на сите што се неопходни за моето најавено “бањање во Вардар”, напиша Героски.

Набргу почнаа да се споделуваат на социјалните мрежи и слики од лицето заедно со високи функционери на СДСМ.

Героски во последниов период предупредува дека е цел на напади и закани.

Во моите натписи зборувам за реакции и атаци јавни од страна на штабови и групи на луѓе кои се претставуваат во име на СДСМ и Владата. Разбирлива е вознемиреноста. Јас не можам да кажам дека Владата и СДСМ официјално и формално стојат зад тие натписи. Има луѓе кои си земаат слобода да ја бранат Владата и СДСМ и мене на начин кој не е пристоен. Претпоставувам дека ова е надвор од нивна контрола, рече тој.

Претходно Героски поднесе оставка на позицијата уредник на весникот „Слободен печат“, поради како што кажа притисок.

-Поднесов оставка поради темелно несогласување за уредувачката поликика. Да тоа го доживувам како притисок. Не можам да мерам она што се случуваше во минатото. На сите нас ни беше ветено дека во овој период на новата власт ќе има нулта толеранција за агресија, насилство врз новинарите. Апсолутно би нило некоректно и неприфстливо новиот стандард да го споредувам со “она време”. Очекувам тоа да го видиме во пракса, јас не доживувам дека има нулта толеранција, рече Герoски пред седиштето на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

(ВИДЕО) Левица: ДПМНЕ предизвикувајќи тепачка избегна да одговори зошто не ја укина историската комисија

Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ го одби амандманот за зголемување на платите на пожарникарите

Горан Наумовски

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје

СДСМ нуди план во три точки за да се реши кризата во Скопје